Охридскиот фудбалски клуб во осмата рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад го очекува локална дерби пресметка со Кораб во Дебар. Мечот се игра в сабота во 14:30 часот.

Соседските дерби пресметки секогаш изобилуваат со добар фудбал, но она шти ги прави посебни се големиот набој и ривалството. „Рибарите“ се подготвени за надигрување со Кораб кој има нешто поголем стаж во второлигашкиот шампионат.

Ги избистривме главите од поразот во Кадино. Тренираме напорно цела недела. Подготвени сме за надигрување со Кораб кој негува сличен стил како нашиот. Посакуваме позитивен резултат, а сето тоа ќе треба да го покажеме на теренот. – изјавија фудбалерите.

Формата на двете екипи е речиси иста. Во претходните три рунди Кораб прокнижи пет бодови на табелата, а охридскиот став четири поени.

Во минатогодишниот шампионат Кораб на домашен терен во Дебар славеше со 2-0, додека мечот во Охрид заврши без победник 1-1.

Двојки 8.рунда:

Кораб – Охрид (Садик Таири)

Гостивар – Вардар Форино (Влатко Илиоски)

Тетекс – Кадино (Фатмир Бафто)

Велешта – Велазерими (Ндерим Тефику)

Дрита – Скопје (Стојанче Стојанов)

Табела:  Гостивар 17 бодови, Скопје 14, Велешта 12, Кораб 11, Велазерими 10, Кадино 9, Охрид 9, Вардар Форино 8, Дрита 3, Тетекс 3

OhridNews