Мечевите од 16-та рунда во Втората македонска фудбалска лига нема да останат во добро сеќавање на љубителите на фудбалот, откако три мечеви завршија без голови,  a на уште една имаше голови, но немаше победник.

Без голови и без победник завршија натпреварите помеѓу Кораб – Струга Трим Лум, Лабуништа – Тетекс и Гостивар – Пелистер. Бодовите ги поделија Велазерими и Генч Калемлер во меч кој заврши 1-1, а Гоблен Јуниор профитираше најмногу совладувајќи го Скопје со 3-1.

Промена на врвот од табелата нема и ситуацијата останува иста. Струга Трим Лум е лидер со 30 бодови, Лабуништа со бод помалку е второпласирана, а потоа следуваат Скопје, Пелистер и  Кораб кои имаат по 22 поени.

Резултати: Велазерими – Генч Калемлер 1-1, Скопје – Гоблен Јуниор 1-3, Кораб – Струга Трим Лум 0-0, Лабуништа – Тетекс 0-0, Гостивар – Пелистер 0-0.

Двојки 17-та рунда: Гостивар – Велазерими, Пелистер – Лабуништа, Тетекс – Кораб, Струга Трим Лум – Скопје, Гоблен Јуниор – Генч Калемлер.

OhridNews