Не обична, не спортска и не популарна најава имаат мечевите од 12.рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад, откако фудбалерите на Вардар Форино, синоќа, информираа дека ќе штрајкуваат. Тие најавуваат дека денешниот меч со Велазерими на домашен терен нема да го одиграат.

Како капитен и предводник на Вардар Форино сакам да најавам дека нема да го одиграме мечот со Велазерими. Им благодарам на сите, кои застанаа позади нас и на оние, кои со пораки ни праќаат поддршка. – изјави Ајет Абази.

За финансиската криза во Вардар Форино подолго време се зборува во фудбалските кулоари од второлигашката конкуренција. Имаше најави за нова управа и стабилизирање на ситуацијата, но очигледно, од тоа нема ништо.

Во преостанатите мечеви од 12.рунда во Втората лига силите ќе ги одмерат Кораб – Гостивар, Тетекс – Велешта, Охрид – Дрита односно Кадино – Скопје. Натпреварите се играат во 13 часот.

OhridNews