Лидерот на табелата во Втората лига-запад, Струга Трим Лум мечот против Генч Калемлер во рамките од деветтата рунда место во Струга ќе го одиграат на Градскиот стадион „Билјанини Извори“ во Охрид.

„Црвено белите“ често го одбираат охридскиот стадион како алтернатива кога струшкиот терен е зафатен или неподготвен за натпревари од висок ранг. Во Охрид фудбалерите на Струга Трим Лум ќе атакуваат на трите бодови со кои ќе го задржат првото место на табелата.

Натпреварот се игра в недела со почеток во 14 часот и 30 минути. Во Втората лига запад в сабота силите ќе ги одмерат Гоблен Јуниор – Влазрими, Гостивар – Лабуништа и Пелистер – Кораб, додека мечот Тетекс – Скопје е одложен.

OhridNews