Втората рунда од пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе донесе неколку интересни пресметки. Мечевите место в сабота ќе се одиграат в недела со почеток во 14:30 часот.

Дербито на колото се игра во Дебар. Кораб кој има сигурно чекори во Втората МФЛ на домашен терен ќе го пречека лидерот Струга Трим Лум. Императивот на двете екипи е победа затоа се очекува овој меч да ја одбележи 16-та рунда од второлигашкиот шампионат.

Второпласираната екипа на табелата Лабуништа на домашен терен ќе се сретне со Тетекс. Лабуништа има одлична серија без пораз и примен погодок, но „штофарите“ се консолидираа во зимскиот преоден рок и ќе бидат вистински испит за тимот предводен од Пепи Џигероски.

Двојки: Велазерими – Генч Калемлер, Скопје – Гоблен Јуниор, Кораб – Струга Трим Лум, Лабуништа – Тетекс, Гостивар – Пелистер

Табела: Струга Трим Лум 28, Лабуништа 27, Скопје 21, Кораб 21, Велазерими 21, Пелистер 21, Гостивар 19, Генч Калемлер 16, Гоблен Јуниор 14, Тетекс 9.

OhridNews