Кумановчанецот Ндерим Тефику ја доби довербата да ја дели правдата на натпреварот помеѓу Тетекс – Охрид, во последната рунда од вториот круг во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Тефику ќе има сериозен предизвик, затоа што бодовите ќе ги посакуваат двете екипи. Тетовчани се борат за опстанок, додека „рибарите“ атакуваат на втората позиција која води во баражот за влез во Првата лига.

Асистенти на Тефику ќе бидат Мартин Петковски (Куманово) односно Влатко Ѓошевски (Скопје). Мечот се игра в сабота во 14 часот.

Охриѓанецот Фатмир Бафто ќе го суди дуелот Плачковица – Осогово, во Втората македонска фудбалска лига-исток. На Бафто ќе му помагаат Горан Балески (Охрид) односно Дрнковски Николче (Битола).

  • Двојки и судии:

Кораб – Скопје (Спире Арсов/Кочани)

Дрита – Велазерими (Дени Лековски/Битола)

Велешта – Вардар Форино

Гостивар – Кадино (Влатко Илиоски/Прилеп)

Тетекс – Охрид (Ндерим Тефику/Куманово)

OhridNews