Арбитарот од Куманово, Ндерим Тефику ќе ја дели правдата на натпреварот помеѓу Охрид и Скопје во рамките од осмата рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.

На искусниот судија ќе му помагаат сограѓаните Бојан Андевски и Мартин Петковски, а четврти судија за ред и мир покрај аут линијата ќе биде Филип Ивановски. Мечот се игра в сабота со почеток во 15 часот.

Во фокусот во второлигашката конкуренција ќе биде дербито на истокот Беласица – Брегалница во Струмица. Судиската организација довербата да го суди дербито му ја додели на Марјан Ецкоски.

Прв на теренот оваа сезона ќе се појави Марјан Маркоски. Судијата со долгогодишно искуство се опорави од повредата и ќе ја дели правдата во Кичево на средбата Велазерими – Дрита. Асистенти на Маркоски ќе му бидат Симон Грданоски и Ацо Мацевски а четврти судија е Фатмир Бафто.

OhridNews