Екипата на Велешта непоразена се врати од гостувањето кај Скопје ремизирајќи 1-1, додека Гостивар во дербито на колото со минимални 1-0 го совлада Велазерими во Кичево.

Велешта бод во Скопје обезбеди со погодокот на Самед Кадриоски во 90-та минута. Претходно за домаќините погоди Дино Најдоски. Гостивар, пак, победата ја осигура во второто полувреме преку Арменд Даути во 67-та минута.

Гостиварчани минатата рунда ја презедоа лидерската позиција, а веќе во оваа се одлепија на три бодови од второпласираниот Скопје. Велешта се наоѓа на третата позиција со 12 бодови.

Охрид забележа пад на табелата после минималниот пораз (1-0) од Кадино на гостински терен. Домаќините погодокот вреден три бодови го постигнаа од белата точка во 20-та минута од натпреварот.

Резултати:

Дрита – Кораб 1-1

Скопје – Велешта 1-1

Велазерими – Гостивар 0-1

Вардар Форино – Тетекс 5-0

Кадино – Охрид 1-0

Табела: Гостивар 17 бодови, Скопје 14, Велешта 12, Кораб 11, Велазерими 10, Кадино 9, Охрид 9, Вардар Форино 8, Дрита 3, Тетекс 3

OhridNews

 

Минимален пораз на Охрид од Кадино