Кандидатите за градоначалници и советници денеска со прес конференции и средби со граѓани ја почнуваат втората недела од кампањата за локалните избори.
И денеска средби со медимуите во Охрид најавија кандидатите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ. Овој метод на комуникација двете најголеми политички партии најчесто го користеа во првата недела од кампањата. ВМРО ДПМНЕ прес конференција ќе одржи кај гимназијата, додека СДСМ кај градскиот пазар.
Шестите локални избори ќе се одржат на 15-ти октомври. Евентуалниот втор круг е закажан две недели подоцна на 29-ти октомври.
OhridNews












