Втора објава на конкурс за идејно решение за споменикот за Водици
18.11.12 10:30
Одборот за подигање спомен обележје за одбележување на Богојавление – Водици при советот на општина Охрид распиша втора објава на Конкурс за изработка на идејно решение за изработка и поставување спомен обележје за одбележување на Богојавление –Водици .
Како што се наведува во објавата, спомен обележјето треба да е изведено од траен материјал (лиен во бронза или изработен од мермер) и да се вклопи во естетската целина со зададениот архитектонски проект, да се движи во насока на модерното уметничко видување на тематиката, со избегнување на реалистичната претстава на најголемите христијански идоли (Исус Христос, Св. Јован Крстител, Св. Богородица ….), истиот да се вклопува во просторот, да биде со максимална висина од 5 м, висината на понудената цена за изработка на идејното решение и за изработка и поставување на спомен обележјето за одбележување на Богојавление –Водици, да не биде поголема од 2 500 000 денари .
Местоположбата на која е предвидено да се постави спомен- обележјето, а дефинирана од страна на Советот на општина Охрид, е просторот помеѓу тротоарот од улицата „Коста Абраш“ и езерскиот брег.
Право на учество на Конкурсот имаат домашни уметнички лица .
Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени во рок од 15 дена од завршувањето на постапката. Најдобрите три идејни решенија ќе бидат наградени и тоа : Прва награда 60 000 денари, втора награда 20 000 денари и трета награда 15 000 денари.
Денес, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол ќе биде отворен првиот SPAR маркет во Охрид Со новото продажно место, меѓународниот трговски бренд ја продолжува својата експанзија во Македонија, каде...
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 16102026 год(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од УЗ3 и УЗ4: населби Кошишта, Воска и...
Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една „Импровокација“ Октомвриското издание ќ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.