Македонската кошаркарска репрезентација со пораз ги заврши подготовките за квалификацискиот турнир за ОИ кој ќе се одигра во Венецуела.


Ова е втор пораз за неколку дена од селекцијата на Порторико која и на вториот меч беше  подобра од македонската репрезентација со 84-72. Најефикасен на мечот со Порторико во македонскиот состав беше плејмејкерот Илиевски со 18 поени, Антиќ и Лестер Бо Мекклејб постигнаа по 15 поени.

Избраниците на Лазоски од 2 до 8 јули ќе учествуваат на турнирот во Каракас, а во група се со Нов Зеланд и Ангола.

Мх.П.