Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до втората победа на завршниот АТП турнир во Лондон совладувајќи го Александар Ѕверев во два сетови (6-4, 6-1), додека Марин Чилиќ го запиша првиот триумф после победувајќи го Џон Изнер во три сетови (6-7, 6-3, 6-4).

Ѕверев на дуелот со Ѓоковиќ имаше сила односно рамноправен противник беше еден сет. Српскиот тенисер со брејк во десеттиот гем го скрши отпорот на Германецот и го доби првиот сет. Ѕверев во вториот сет немаше сила и го изгуби со 6-1.

Чилиќ и Изнер одиграа феноменален натпревар. Американецот поведе со 1-0, а хрватскиот тенисер со пресврт ја обезбеди првата победа. Инзер првиот сет го доби во тај брејк. Чилиќ во осмиот гем од вториот сет освои сервис на противникот и потоа го искористи за егал. На стартот од третиот сет Чилиќ направи два брејкови, а Изнер еден и тоа го одлучи победникот на мечто.

На табелата во оваа група лидер е Ѓоковиќ со две победи, а по една имаат Чилиќ и Ѕверев, додека Изнер кој има два порази нема веќе шанси за пласман во ТОП 4.

OhridNews