Денес во просториите на основното училиште Христо Узунов ќе се одржи втората работилница од проектот „ Дрога-вистина и заблуди„ во организација на Секторот за внатрешни работи Охрид. Овој пат, проектот се реализира во соработка со Здруженијата на уметници „Културен центар-Медиа Артес„ и „ „ АРТерија„ од Охрид.
Како што е предвидено, ќе се одржат осум работилници, чии целни групи се учениците од петто до осмо оделение од основните училишта во општините Охрид и Дебрца.
Планираните вкупно осум работилници, се координирани од актерката Јасмина Билаловиќ, а за уметничкото водство на процесот се задолжени визуелните уметниците Ели Аин и Стефчо Наумоски.











