Општина Охрид преку Секторот за туризам и локален економски развој ги продолжува активностите за подготовка на „Стратегија за Рурален Развој 2014- 2018“.
За таа цел, денеска од 12 часот во просториите на ТЛЕР, одделението за локален економски развој ќе организира втора работилница со претставници на месните заедници на селата: Велгошти, Лескоец, Подмоље, Горно и Долно Лакочереј, Орман, Скребатно, Вапила, Косел, Ливоишта, Расино и Сирула), претставници од урбанизам, животна средина, Фонд за комунален развој, претставници од НВО и бизнис секторот.
На втората работилница ќе се работи SWOT анализа за наведените села.
OhridNews