На голема радост на публиката на „главниот терен“ домашниот тенисер Енди Мареј триумфираше на Вимболдон победувајќи го Милош Раониќ во три сетови (6-4, 7-6, 7-6) во финалето.


За британскиот тенисер ова е втора титула од Вимболдон, трета вкупно во кариерата. На трофеј од големите турнири Мареј чекаше три години. Последен на кој се радуваше беше токму на Вимбодлон 2013 година.


– Ова е најважен турнир за мене. Да победиш тука односно дома е нешто специјално и неверојатно морам да признам. Сам ќе си се пофалам бидејќи стварно одиграв добар турнир. Без големи осцилации, знаев што сакам во секој момент и што можам. Бев се подобар и подобар и тоа го покажав на финалниот натпревар против тенисер кој исто така имаше маестрални перформанси. – рече победникот.


Канаѓанецот со црногорско потекло претрпе пораз во дебитанскиот настап во гренд слем финалињата, но мора и треба да биде задоволен бидејќи до таму елиминираше големи тенисерски имиња од рангот на Рожер Федерер. – Тежок предизвик беше Мареј, особено кога игра сигурно како во овој финален натпревар. Заслужи да победи и од се срце му честитам.

OhridNews