На 27- ми февруари, со почеток во 19 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ свечено ќе биде отворена  втората по ред самостојна изложба на Слаѓана Кировска.

Во нејзиното творештво најзастапени се пејсажи, цвеќиња, апстракции и симболичките знаци на астрологијата. Нејзините ликовни дела најчесто се изработни на кунздрук хартија во комбинација со акрил и спреј, а има и слики на платно и стакло.

Слаѓана повеќе години е хуманитарно ангжирана во подучување на децата и на младите за тајните на сликарсвото и применетата уметност.

Од 2010 година, активно е вклучена во активностите на Здружението ТАЛЕНТИ. Досега учествувала на неколку групни изложби во Скопје, а ова е нејзината втора самостојна изложба.

Изложбата ќе биде отворена до 3- ти март.

OhridNews