Хуан Мата, Маруане Фелаини и Дејли Блинд лично од новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ќе добија втора шанса за докажување на Олд Трафорд.
Тројцата фудбалери вистинската шанса ја имаат во подготвителниот перидок во кој „црвените ѓаволи“ ќе одиграат неколку квалитетни контролни натпревари.
Мата нема добри спомени со Мурињо. При второ презамање на кормилото од Челси, Португалецот го продаде Мата токму во Манчестер Јунајтед.
Фелаини во трите сезони минати на Олд Трафорд не се наметна со квалитет и во неколку наврати беше критикуван за својата неефикасност во играта.
Холандскиот репрезентативец имаше неколку улоги на Олд Трафорд, почнувајќи од лев бек, последен играч за врска и стопер, но според Мурињо никаде не се пронашол.
До почетокот на Премиер лигата остануваат уште четири недели, а Мурињо има уште толку да го искристализра составот кој ќе се бори за врвот.
OhridNews