Вториот локален еколошки акционен план – ЛЕАП за општина Охрид е изготвен, и се очекува истиот да се најде пред советниците на една од наредните седници.
Обврската за донесување на ЛЕАП произлегува од Законот за животна средина, а во согласност со Националниот еколошки акционен план. ЛЕАП документот општината го донесува врз основа на оцената на своите специфични состојби и потреби, и тој има важност за период од шест години.
Првиот ЛЕАП на Општина Охрид беше донесен во 2002 година.











