Владата на Република Македонија го прогласи вторник – 3ти јануари 2012 за ден на жалост по повод смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров.

Погребот на претседателот Глигоров ќе се изврши во Алејата на великаните на гробиштата Бутел во Скопје. Според желбата на Глигоров што ја навел во тестаментот, погребот ќе се изврши во кругот на најблиското семејство.

OhridNews