Празникот „Св.Климент Охридски“ 8-ми декември (вторник) е неработен за сите граѓани на Република Македонија, во согласност со Законот за празниците, соопшти Министерството за труд и за социјална политика.

Истовремено, Министерството за труд и за социјална политика им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија што го чествуваат и го слават патронот „Св. Климент Охридски“.