Охрид ќе биде домаќин на второто издание на фестивалот на виното „Ohrid Wine Festival“ за националниот „Ден на Охридското Езеро“. Охридскиот вински фестивал 2023 ќе се одржи од 22 до 24 јуни 2023 година на Кеј Македонија во Охрид, на платото пред Хотел Палас, информираат организаторите.

Целта на фестивалот е да се прослави виното преку убава музика, храна, дружење и забава. Листата на винарии и останати учесници ќе биде објавена наскоро. Музичката програма за сите 3 фестивалски денови исто така ќе биде објавена наскоро. Покрај промоцијата за најдобрите македонски вина, целта на фестивалот е дополнително да даде поддршка на македонски изведувачи, па очекувајте одлични имиња од македонската домашна музичка сцена, велат во соопштението.

Воедно упатуваат покана до сите љубители на доброто вино и забава да бидат дел од овој убав летен викенд во Охрид посветен на прославување на виното.

По успешното прво издание кое покажа дека Охрид е вистинско место за промоција на винската култура и гастрономија, очекуваме оваа година покрај домашните гости да ги задоволиме вкусовите на сите туристи кои во овој период ќе бидат присутни во Охрид. Како познатата поговорка ”Во виното е вистината” повелете на овој уникатен настан за вистински да уживаме во вкусот и традицијата на македонските вина и македонската храна, велат од Општина Охрид.

Фестивалот е организиран од Крафт Продукција, а под покровителство на Општина Охрид.

OhridNews