По повод Светскиот ден на велосипедизмот на 3 јуни (вторник) ќе се одржи второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“ во организација на Здружението „Граѓански Интегритет“ – Охрид.
Настанот има за цел промоција на здрави животни навики и општествена одговорност преку мобилна реклама на велосипеди и собирање средства за жртвите од неодамнешната трагедија во Кочани, велат организаторите.
Посочуваат дека истиот е поддржан од општина Охрид и локални бизниси, во соработка со СОСУ„ Св. Кирил и Методиј.
Програмата вклучува практична обука, велосипедска тура низ градот и собирање донации. За безбедноста на сите учесници, велосипедската тура ќе биде придружувана од полициска придружба и екипа за прва помош Црвен крст, додаваат.
„Вози велосипед, уживај и промовирај“ ќе се одржи со почеток во 11:30 часот во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.
Учеството е бесплатно и доброволно, а пријавувањето е отворено на линкот.
OhridNews