На каналот Студенчишта во организација на СРК „Св. Апостол Петар“ се одржа второто коло од квалификационите натпревари во сениорска конкуренција.


Најдобрите пет натпреварувачи од сите три кола ќе бидат составен дел на екипата која ќе ги брани боите на СРК „Св.Апостол Петар“  и на Охрид во дисциплината „ Лов риба со јадица на пливка“ на  натпреварите во 2011 година , на домашно и меѓународно ниво.


Уловените риби од натпреварите ќе бидат поклонети на здружението „Богојавление“ и ќе се испржат и поклонат на присутните гости  на „Денот кога се капат рибарите“ на  20 јануари 2011 г.

Во второто коло постигнати се следните резултати:
1.    Секулоски Борче со уловени 5700 грама.
2.    Блажески Раде со уловени 5060 грама.
3.    Калевски Благоја со уловени 4820 грама.
4.    Крстески Душко со уловени 4810 грама
5.    Иљче Лазарески со уловени 4220 грама
6.    Дамјановски Трајче со уловени 3940 грама.
7.    Петкоски Милан со уловени 3720 грама
8.    Ѓорѓиески Коле со уловени 3700 грама.
9.    Митиќ Славиша со уловени 3620 грама.
10.    Скрчески Трајче  со уловени 2260 грама.
11.    Рупев Илија со уловени 1860 грама.

Вкупен пласман после второ коло
1.    Раде Блажески со 3 негативни поени
2.    Душко Крстески со 7 негативни поени
3.    Славиша Митиќ со 11 негативни поени