Викендов во Скопје се одржа детскиот литературен фестивал „Ракатки“ во Скопје, на кој учество зедоа сите основни училишта од нашата земја. Нашата сограѓанка, ученичката Ивона Сиљаноска од О.У.„Кочо Рацин“-Охрид, под менторство на наставничката по македонски јазик, Наташа Неданоска, освои второ место.

Во програмата беше предвидено литературно читање каде што сите учесници ги прочитаа своите литературни творби. Овој фестивал е за пример и почит, а целиот проект е организиран од поетесата и писател за деца и млади, Славка Арсова. Наредниот ден учесниците беа почестени со прошетка по културно-историските споменици низ Скопје, информрираат од ОУ „Кочо Рацин“.

Во О.У.„Кочо Рацин“ континуирано работи литературната секција која зема учество на сите фестивали и литературни конкурси во и надвор од државата. Така, на општинскиот литературен конкурс, на тема „Рециклираме и штедиме-повеќе вредиме“ ученичката Викторија Алексиоска доби II награда, под менторство на наставничката Наташа Неданоска , а исто така на 46-те детски Рацинови средби во Велес, истата ученичка доби II награда за прозен текст на државно ниво на конкурсот на тема „Рацин“, исто така под менторство на наставничката Наташа Неданоска.

OhridNews