Од локалната самоуправа на општина Дебрца информираат дека на 22- ри август , четврток, екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат второ запрашување од земја, дезинсекција во општина Дебрца со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 20 до 5 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Третирањето ќе се изведе со препаратот АЉУА К – КОТРИНЕ со активна супстанца DELTAMETRIN.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
OhridNews