Охридските “колибри“ попладнево во рамките на последната рунда од шампионатот патуваат во Гевгелија. Домашниот Бест е последната пречка за охридскиот тим кон пласманот во Втората лига.

Домаќините се наоѓаат на претпоследната позиција со скор од 4 победи и 14 порази. Охриѓани на гости имаат биланс три победи и шест порази. Во првиот меч сезонава на домашен паркет Колибри славеше со 71-58.

Одлучувачкиот мечот се игра во 16.30 во салата „26 Април“ во Гевегелија.