Денес и утре во предворјето на црквата „Света Софија“ ќе се одржи второто издание на „Охрид џез фестивал“ во организација на Општина Охрид.

Втората фестивалска вечер ќе биде резервирана за концертниот настап на македонската џез уметница Наташа Миха во придружба на Дамир Имери и Иван Бејков.
Концертите започнуваат во 20:30 часот.
Општина Охрид го организира Фестивалот со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации.
OhridNews











