Актуелниот премиер и претседателот на Српската напредна партија (СНП) и премиер на Србија, Александар Вучиќ, прогласи победа на редовните претседателските избори кои се одржаа во неделата.
Според првичните неофицијални информации, Вучиќ остварил убедлива победа над противкандидатите, освоијувајќи околу 55 отсто од гласовите на избирачите.
На изборите покрај Вучиќ учествуваа уште 10 кандидати. Втор според бројот на гласови со околу 16 % е поранешниот народен правобранител Саша Јанковиќ, а „ѕвездата“ на кампањата Љука Максимовиќ познат како Љубиша Прелетачевиќ-Бели добил 9,3 отсто од гласовите.
Според медиумите во Србија излезноста на избирачите била околу 56 отсто.
OhridNews