Вниманието на навивачите на МЗТ Скопје и македонската јавност ќе биде фокусирано кон американецот Брендон Вуд кој е кошаркарот кој треба да му даде тон на играта на металците. Вели дека е одлично прифатен од сите во клубот и дека подршката која ја добива ќе ја возврати со добри игри на паркетот.
– Уште од првиот ден тимот, тренерот и управата ме прифатија одлично како дел од фамилијата и за еден играч кој доаѓа од далеку од САД како мене сигурно дека тоа е многу важно. Се чувстувам добредојден, и тоа ми дава дополнителна волја и желба да го покажам мојот квалитет – се првите импресии на амреиканскиот плеј, кој со тимот се подготвува во Охрид.
Ова е прво клупско искуство за Вуд надвор од САД. Со тимот на МЗТ посакува прво да го повтори ланскиот успех , но и да направи чекор напред во Јадранската лига.
– Како дел од проектот “атлети во акција“ сум бил во Полска и Германија, но тоа е по 2-3 недели, додека ова ќе трае осум месеци. Ова е за мене прво вакво искуство , завшршив лани во Мичиген колеџот. Знам дека МЗТ лани го освои шампионатот, ова ќе биде прва сезона во Јадранската лига, слушнав дека ќе биде тоа добра можност за одигрување на добри натпревари,сигурно дека ке се обидеме да победиме секого, но ќе биде важно во оваа година да видиме до каде сме и каде е нашето место во таа лига – вели Вуд.
Тимот на МЗТ на првиот тренинг имаше “жежок“ пречек од страна на навивачката група “Фемили“. Натпреварите на “металците“ се играат пред полните трибини, а Вуд очекува да им донесе уште повеќе причини за радост на следбениците на овој клуб.
– Гледав видеа на “Јутјуб“ пред да дојдам , но ова што го видов на лице место е навистина неверојатно, нешто што досега го немав видено. Навивачите не бодреа на тренингот, и морам да признаам дека беа во подобра форма од нас во моментов. Но кога имаш таква публика во грбот секако дека тоа е мотив повеќе и јас ќе направам се да извојуваме што повеќе победи и заеднички да ги славиме – рече Вуд.
Не познава многу од македонските кошаркари, слушнал за Лестер Бо Мекејлеб, а посакува да го надмине во неговите постигнувања и еден ден да заигра во НБА лигата.
– Не знам многу за него, од она што го слушнав е дека е доста успешен. Секако дека сакам да го повторам неговиот успех, но и да ги надиминам тие постигнувања. Мојата цел е НБА, желба на секој американец е да заигра во професионалната лига, дали тоа ќе биде за година, две три,не е важно тоа останува моја цел – завршува Вуд.
Охрид повторно ќе ја покаже својата хуманост и солидарност Во недела, на 21 јуни, во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи хуманитарен турнир во мал фудбал под мотото „Со љубов и фудбал за...
На денешен ден во 2016 година на 87-годишна возраст почина Александар Леко Радич, легенда на охридското и македонското пливање Покрај тоа што бил голем пливачки шампион и врвен тренер, Радич се сме...
Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“ по седми пат организира незаборавен викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање Фестивалот на планината и езерото ќе ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.