Режисерот Вуди Ален својот следен филм, во кој ќе игра оскаровецот Колин Фирт и американската актерка Ема Стоун ќе го снима на југот на Франција. Филмот кој сеуште нема име ќе се снима ова лето и ќе биде втор филм кој овој култен режисер го снима во Франција. Тој претходно во оваа земја го снимил филмот „Полноќ во Париз“. Ален последниве неколку години снимил неколку филмови во некои од еврпоските градови, како што се „Вики Кристина Барселона“ и „Со љубов од Рим“.
Филмот „Со љубов од Рим“ заработил 68 милиони долари на касите ширум светот, додека „Полноќ во Париз“ заработил 155 милиони долари. Неговиот последен филм “Blue Jasmine”, драма во која играат Кејт Бланшет, Алек Болдвин и Сели Хокинс, ќе биде прикажан во САД во јули.