Холандскиот стручњак Луис ван Гал сигурно до крајот на сезоната ќе остане на клупата од Манчестер Јунајтед откако директорот на клубот Ед Вудвард ја одбил неговата оставка.


Ван Гал оставката до клубот ја доставил по поразот (1-0) од Саутемптон на Олд Трафорд, а Вудвард одлучил за неговата иднина да разговара по завршување на сезоната.

Во образложението директорот на „црвените ѓаволи“ напишал дека не сака да менува ништо во текот на сезоната бидејќи се уште клубот е во игра на неколку фронта.

Навивачите на Јунајтед после завршување на мечот со „светците“ го исвиркаа Холанѓанецот кој го навлече гневот на своја кожа по слабите резултати во серија. 

OhridNews