Некогашниот македонски селектор и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ причината за поразот на Словенија од Македонија (25-24) на стартот од Европското првенство ја најде во судискиот двоец од Романија.
Вујовиќ реагира на последниот напад кој Македонија не го искористи, но го задржа времето, а со тоа ја осигура победата и исклучувањата од две минути.
– Можам и морам да признаам дека после 43 години активно учество во ракометот јас не ги познавам правилата. Не знам за судиски критериум и незнам зошто моите играчи во толку голем број на дуели добија две минути. Нам ни беше исклучен играч на другиот дел од теренот, спротивно од местото за возбудувањата, а никој не виде и не ни кажа зошто. Ги прашав судиите и делегатот за кого се игра ракометот за нив или за публиката да ужива во ракомет, а не во судискиот циркус. – изјави Вујовиќ.
Сепак, темпераметниот стратег го призна поразот и вината ја најде во својата селекција која одигра далеку под своите можности.
– Не ја видов моќта и дрскоста на овој состав на теренот. Одигравме лош натпревар. Во првото полувреме во ритам не држеше Скок, иначе македонците уште во првото полувреме ќе имаа водство и кој знае што ќе се случуваше понатаму. Крајот на првиот дел и почетокот на вториот ни е прилика како не треба да играме, а на македонците им честитам за победата и им пожелувам многу среќа понатаму. – додаде Вујовиќ.
„Змајчеките“ шанса за поправен на ЕП ќе имаат против бранителот на трофејот Германија која ја сомле Црна Гора со 32-19 во премиерниот меч од Ц групата.
OhridNews