Еден од најдобрите ракометари во поранешна Југославија, Веселин Вујовиќ го презеде кормилото на хрватскиот тим Загреб.
Поранешниот стратег на Вардар, Вујовиќ и претходно беше прв кандидат за тренерското столче, а во трката се споменуваше и актуелниот стратег на Металург, Лино Червар.
Двата ракометни стручњаци ќе се сретнат во групната фаза од Лигата на Шампиони бидејќи Металург и Загреб се заедно во групата.
Мх.П.