Ракометарите на Загреб се еден од можните противници на Вардар во првата елиминициска фаза во Лигата на Шампиони. Тренерот на Загреб, Веселин Вујовиќ на прескоференцијата после мечот со Металург истакна дека најмалку го посакува тимот, кој некогаш го водеше.
– Воопшто не го посакувам Вардар за противник во осминафиналето. Не поради нивниот квалитет, кој за сега се двои од другите туку поради емоциите кои ме врзуваат со клубот. Јас лично сум изненаден од перформансите на Вардар на дуелот со Рајн Некар и многу ми е драго поради тоа. – рече популарниот Вујо.
Црногорскиот ракометен стручњак имаше враќање во „Кале“ со својот клуб Загреб и беше пречекан со овации, а тој возврати со солзи на очите.
Ohridnews