Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ привлече големо внимание со протестите за време на мечот помеѓу неговата селекција и Германија. Популарниот „Вујо“ застана на голот да го брани пеналот кој литванските арбитри му го досудија на Германија после прегледот на видео снимката. Германците преку Вајнхолд го реализираа пеналот и стигнаа до реми 25-25.
– На голот застанав поради една причина да ја заштитам мојата селекција и да ја одбранам честа на „малите“ земји. Кога челниците од ЕХФ ќе дојдат во било која „мала“ земја ги пречекуваме како лордови, со скапи автомобили, хотели, софри и вип ложи на мечевите. Едноставно ние паѓаме на колена пред нив. Во Германија истите тие луѓе не уживаат ништо и затоа вака ни враќаат на големите натпреври. Германците елиминирани беа во баражот за СП 2015 година, а ЕХФ ја острани Австралија и „вајлд картата“ му ја додели токму Германија сигурно случајно беше тоа. Само ако физички му сметаш на противнички играч во последните 30 секунди се досудува пенал, а нашиот играч воопшто не допре никој. Ни зедоа 1000-2000 евра за жалба, која ни ја одбија, а после ни рекоа дека не смее да се жалиме. Голманот на Германија го влече за ракав судијата да ја прегледа снимката, директорот на репрезентацијата слегува на теренот и врши притисокот на судијата, после Вујо плаче, а Словенија не може да се жали. – изјави словенскиот селектор.
Челниците на словенската ракометна федерација прво се заканија со заминување од ЕП, но се предомислија, а литванските судии после мечот беа суспендирани и остранети од понатамошните мечеви од ЕП. Словенија во првата рунда од главната фаза претрпе пораз од Данска и ги загуби шансите за пласман во ТОП 4 селекции на стариот континент.
OhridNews