Веселин Вујовиќ мораше да им подаде рака на ракометарите од Вардар по победата над Загреб во 1/2 финалето од завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.


Ниту притисокот на судиите, ниту домашната публика не му помогна на „плинарите“ да го елиминираат Вардар кој за златниот медал ќе се бори со Веспрем.

– Вардар уште на стартот покажа дека во Вараждин е дојден да го освои медалот. Мечот помина тензинчно и на теренот и на клупата, но затоа е убав ракометот за гледање. Сакав моите играчи храбро да го одиграат овој меч и искрено ме послушаа. Нормално, разочаран сум за поразот и можам да кажам дека пласман во финалето обезбеди посреќната екипа во полуфиналето. – рече Вујовиќ.

„Црвено црните“ со елиминацијата во 1/2 финалето им се реваншираа на хрватските ракометари за поразите претходните две години.

OhridNews