Црногорскиот репрезентативен лев бек, Вуко Борозан (203цм, 31 година), потпиша договор со ГРК Охрид миниум до крај на сезоната.
Вуко доаѓа од РК Вардар 1961, а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Веспрем, Загреб, Ловќен, Металург итн. Поовеќе од деценија е еден од лидерите на црногорската репрезентација.
“Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на Клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид. Пред нас следуваат многу натпревари, а нашиот тим ќе атакува на сите три трофеи! Ги поздравувам охридските навивачи, групата “Рибари” да не бодрат во што поголем број за да стигнеме до целите на клубот.” – изјави Вуко Борозан.
OhridNews
Фото: А.Момироска












