Црногороскиот репрезентативец и член на Вардар, Вуко Борозан се соочува со долга пауза од ракометните терени, откако претрпел телесни повреди во сообраќајната несреќа која се случила синоќа во Црна Гора.
Причина за несреќата како што пренесуваат црногорските медиуми била заледеност на патот по што Борозан изгубил контрола на возилото и излетал.
Борозан ја повредил ногата, односно го скинал бутниот мускул, а според првите лекарски извештаи го чека двомесечна пауза. Што значи тој ќе го пропушти Европското првенство во Хрватска и почетните на мечеви на Вардар во втората полусезона во ЛШ.
Црногорскиот бек во редовите на Вардар пред нецела недела го кажа судбоносното ДА, а вечерва требаше да ја прими наградата за најдобар спортист во неговата матична држава.
OhridNews












