Македонија има 35 мултимилионери, со што се најде речиси на дното на европската листа според бројот на многу богати луѓе, во анализата што ја изработи World ultra Wealth Report (WUWR).

Според критериумите на WUWR, мултимилионери се лица кои располагаат со најмалку 30 милиони долари.

Македонија на оваа листа се најде на 42-то место, од 45 европски држави.

Најмногу мултимилионери во Европа има во Германија, каде што се евидентирани 15.770, по што следи Велика Британија со 10.515 и Швајцарија со 5.595 милтимилионери.

Грција се наоѓа на 20-место на европската листа со 455 мултимилионери, додека Хрватска е лидер во регионот на поранешна Југославија со 260 многу богати лица, што ја стави на 23-место во Европа.

Србија е 29-та со 90 мултимилионер, а едно место подолу е Босна и Херцеговина со 85. Словенија е на 34 место со 70, Албанија е 37-ма со 55, а Бугарија е на 40 место со 45 мултимилионери.

Зад Македонија, од регионот единствено е Црна Гора, која има 21 мултимилионер

OhridNews
Makfaks