Уште една велосипедска тура и еко патрола во организација на  клубот „З’ш Точак” беше успешно завршена. Викенд турата беше поделена на две етапи и две групи.


Првата група која беше составена од 5 членови кои ќе земат учество на Државното првенство на 17. април, возеше тренинг-тура околу Охридското Езеро. Нив им се придружија и велосипедисти од клубови од Кичево и од Скопје, кои беа воодушевени од убавините на Охридското Езеро.

Другата група со околу 35 членови, возеше до Поградец – Албанија каде оствари контакт со тамошни велосипедисти и притоа се договорија заеднички активности за во иднина.


– Целта и на оваа тура, покрај рекреацијата, беше да се подигне еколошката култура кај граѓаните за конечно да сфатиме дека местото на сметот и ѓубрето не е во природата. За таа цел, членовите на клубот редовно ги фотографираат и снимаат таквите места, надевајќи се дека барем малку ќе влијаат на еколошката свест кај луѓето дека не треба да ја нагрдуваме природата -велат од клубот.


Од клубот најавуваат дека следната тура ќе се вози Охрид-Дебар-Охрид и се покануваат и другите клубови од градот, како и сите вљубеници во велосипедизмот и природата.

Ohridnews