Велосипедскиот клуб „Зш Точак“ и Велосипедската федерација на Македонија во Охрид в недела ќе ја организираат  велосипедската трка „Тур д Галичица“.


Јуниорите и сениорите учесници на трката ќе возат на релацијата Охрид-Ресен-Галичица-Пештани-Охрид, а кадетите, девојките и мастерс категоријата ќе возат патека од Отешево до Охрид.

– Должината на патеката што ќе ја возат сениорите и јуниорите е 109 километри, додека онаа за кадетите, девојките и мастерс е во должина од 55 километри. Стартот е во 12 часот од пред Центарот за култура „Григор Прличев“, а  пристигнувањето пред платото на центарот се очекува после 15 часот  – вели Жанко Голабоски од клубот организатор.

Велосипедската трка ќе се бодува за Ранг листа за 2011 година, a oрганизаторот  ќе подели и признанија на првите тројца пласирани по категорија.

Ohridnews