Со педалина, на велосипед, пливајќи, британецот Џејсон Луис во саботата го заврши своето патување околу светот кое траеше 13 години и во текот на кое патување тој ја користел исклучиво силата на сопствените мускули.

Во Австралија го нападнал крокодил, во Египет бил осомничен за шпионажа, во Колорадо го удрила кола, а преживеал и периоди на  болести и депресии. Сепак, успешно го завршил патувањето долго 74 000 километри.

Меѓу случките кои ги доживеал, секако најтешка била сообраќајката во 1995 година, кога во САД го удрил автомобил додека возел ролери. Тогаш му биле скршени двете нозе и Луис се плашел дека едната може да му биде ампутирана. По девет месеци болничко лекување, продолжи со патувањето на ролери.

Ј.М.