Драстично е намален прометот на угостителите откако стапија во сила најновите мерки за заштита од КОВИД. Изнесува помалку од 30 отсто во однос на изминатите недели иако и во тој период не бил на вообичаено ниво, нормално за нивното работење.
Се откажуваат и веќе закажаните свадби и настани зашто со бројот на вакцинирани гости, не може да се организираат, велат угостителите.
Чекаме измени кои би биле малку посоодветно осмислени и кои би и дале малку повеќе логика на целата оваа приказна. Ова што е сега во сила, се донесе набрзина поради целата ситуацијата. Апелираме до сите да бидат трпеливи за што се надеваме дека ќе има промени на мерките, истакна потпретседателот на Туристичко-угостителска комора, Мартин Ангеловски.
OhridNews
Охридските угостители со поделени мислења во однос на воведените мерки













