Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2011 година, во споредба со 2010 година, бројот на прикажаните филмски претстави и бројот на посетители на кино салите  значително е намален.

Статистичките показатели говорат дека бројот на прикажани филмски претстави на подрачјето на Република Македонија во 2011 година, во споредба со 2010 година, е намален за 30,3%, додека пак бројот на посетители е намален за 22,5%.

OhridNews