Изминативе недели амбициозниот план за никнување на „Лас Вегас“ во атарот на селото Љубаништа, беше дочекан со потсмев и неверување кај граѓаните. Иако помладите охриѓани потсвесно гледаа можност за вработување преку овој проект, постарата популација со доза на скептицизам будно ги следеше информациите околу изградбата на овој луксузен комплекс. Индијците од „Сахара Индија Паривар“, вчера, во јавноста ја обелоденаа временската рамка, во која треба да никне нивот „Вегас“ на брегот од Езерото.

Ако го погледнете проектот ќе видите дека содржи многу компоненти, од недвижнини, забавни апартмани, хотели, казина до игралишта и други објекти кои се потребни за едно модерно живеење. Изградбата ќе оди етапно, а временската рамка ја проценуваме на околу 5 до 6 години.“ – изјави Семанто Рој, извршниот директор на Сахара Индија Паривер.

Како што потенцираат од индиската компанија, за неколку месеци треба да се знае колку точно ќе чини целата инвестиција. Неофицијално, се работи за сума од околу 40 милиони евра. „Сакаме да создадеме нешто што е уникатно, за кога светот ќе погледне да рече – па добро, ова навистина го нема никаде“ –  вели Рој.

Како причини за една ваква капитална инвестиција во нашата земја, се наведува емоционалната поврзаност на Индија со Мајка Терза. „Како што знаете мајка Тереза беше блиска со Индија, истовремено припаѓајќи на вашата земја. Кога дојдовме во Македонија посетивме различни места. Најпрво отидовме во Охрид, да го видиме целото место. Тука почувствуваме дека има голема можност за инвестиција . Сретнавме многу луѓе, а топлото добредојде не убеди дека ова е вистинското место за инвестирање. Локацијата во центарот на Балканот, природните убавини и климата, се дополнителни адути со кои ќе се привлекуваат странските гости. “ – додава Рој.

Целиот комплекс ќе се простира на 240 хектари, а меѓу конкретните градби тука се апартманите на вода, терен за голф, конгресен центар, марина и казино на вода. Истотака гостите ќе уживаат во прекрасните елитни барови, нудејќи екслузивни пијалаци.

Покрај оваа инвестиција, се разгледуваат можности за инвестирање во земоделството, но за сега нема конкретни понуди за оваа област.

OhridNews