По повод 8-ми Март, меѓународниот ден на жената, Cuba Libre beach & bar повторно ќе биде место за музичко уживање. Овојпат вечерта ќе биде посветена на понежниот пол.

Присутните ќе имаат можност да уживаат со Petar Markoski Quartet кој го сочинуваат добро познатите Петар Маркоски – вокал, Емилија Маринова – пиано, Филип Стојковски – тапани и Илија Волкан – бас гитара.

„8-ми Март не е ден кој треба да го посветиме на нашата сакана, 8-ми Март е само ден кој не потсеќа дека треба да продолжиме да се грижиме, почитуваме и да ја љубиме нашата сакана сите други денови во годината .“ – вели Петар Маркоски.

Гостите кои ќе присуствуваат на овој исклучителен културен настан треба да испочитуваат „dress code“, односно да се појават во елегантно издание според нивниот избор на облека.

Влезот е слободен, а настанот започнува во 22 часот.

OhridNews