По повод празникот „Свето Благовештение“, на 7 април 2011 година (четврток), во катедралниот храм „Света Софија“, со почеток во 9.00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужба ќе има само во црквата „Света Софија“ во Охрид (едноцрквие).

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews