Македонската репрезентација денеска на големиот македонски празник 11 Октомври, на националната арена  “Филип Втори“ против Словачка го игра последниот натпревар од квалификациите за ЕП во Полска и Украина 2012 г. “Црвено жолтите“ во циклусот кој е подобро да се заборави, им останаа должни навивачите за добра фудбалска престава.


Во Скопје гостува должникот Словачка, која на првиот натпревар од циклусот, бод ни “скина“ во последната минута од мечот, со победничкиот погодок на Холошко.


Поради повреди во репрезентацијата ќе недостасуваат Пандев, Ибраими, Д. Георгиевски додека М. Иваноски и Попов имаат жолти картони, додека Шумуликоски заработи црвен картон на дуелот со Ерменија. Избраниците на Џон Тошак кои ќе истрчаат на дуелот против Словачка треба “колку толку“ да го обелат образот пред македонската нација.


Мечот на “Филип втори“ е закажан за 19:45 минути. На преостанатите натпревари од нашата група ќе се сретнат Русија – Андора, Р. Ирска – Ерменија.

Мх.П.