Ваквиот став Наумоски го поткрепува со фактот дека женските јагули во водите на Охридското Езеро можат да достигнат должина од 1 до 2 метри и тежина од 2-4 па и 6 кг, додека пак машките јагули можат да состигнат должина од само 50 см а тежина до 200 грама.
– Мора секој чекор добро да биде осмислен, во спротивно, ќе биде дојде до дополнително загрозување на опстанокот на поедини рибни видови, вели Наумоски.
Тој потсетува само на дел од превземените чекори од страна на човекот во изминатиот период кои негативно влијаеја врз рибниот фонд во езерото.
Пренасочувањето на реката Сатеска во 60 тите години од минатиот век од нејзиното традиционално и старо корито дирекно во водите на Охридското Езеро поради што дојде до исчезнување на струшката раса на пастрмката Salmo letnica balkanicus, изградувањето на хидроцентралите Глобочица и Шпиље по течението на реката Црни Дрим во пределот Струга – Дебар што го стопира природниот мрест на Европската јагула која тредиционално живееште растеше и полово созреваше во водите на Охридското Езеро, користењето на високите пловечки мрежи што влијаеше врз намалувањето на рибниот фонд во езерото, се само дел од нив, вели Наумоски.