Во казан од три тони кој е е поставен на просторот каде некогаш се наоѓаше градската библиотека вечерва се подготвува рибна чорба која ќе можат да ја вкусат посетителите на манифестацијата посветена на охридските рибари, што традиционално се одржува ден по големиот верски празник Боголавление – Водици. Чорбата ја подготвуваат наградени ученици од срдното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид.

Поради се поголемиот интерес на охриѓани и гостите за оваа манифестација, организаторот, Здружението на граѓани „Богојавление“ годинава реши наместо на Сараиште истата да се одржи на градското пристаниште. Таму ќе бидат поставени штандови на кои ќе има греана ракија и вино, како и плашица. Дел бесплатно ќе се дели, а дел ќе се продава по симболични цени со цел секој кој ќе дојде да може да ги вкуси рибните специјалитети.

За Денот на рибарите ќе биде организирана изложба на риболовен алат, ќе има натпревар во фрлање сачма и ќе се демонстрира рибарење со влак.

OhridNews